Connect with us

Свет

Во шумата Бухер во близина на Берлин пронајдени 59 гранати од Втората светска војна

Во шумата Бухер (Bucher Forst) во близина на Берлин се пронајдени 59 гранати на руската армија од Втората светска војна, а полицијата соопшти дека нема опасност за населението, пренесоа денеска германските медиуми.

Гранатите биле пронајдени од човек кој трагал по заостанати предмети од Втората светска војна со помош на детектор за метал, пренесе „Билд“. Човекот за пронајдокот ја известил полицијата, а властите по соопштението го затвориле подрачјето во шумата, во округот Панков.

Во текот на неколку часа, истражителите ископале вкупно 59 неексплодирани советски гранати со калибар од 122 милиметри, со вкупна тежина од 1,5 тони.

  • Парче по парче, гранатите беа обезбедени, собрани и професионално транспортирани – изјави портпаролот на полицијата.

Муницијата од Втората светска војна потоа била однесена на локација во Груневалд за да биде уништена.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1