Кошарка
Третото место за кошаркарите на Пелистер
Кошаркарите на Пелистер го освоија третото место во Супер лигата откако денеска во мајсторката за третата позиција го совладаа ТФТ на негов терен со 90:86 и со 2-1 во добиени натпревари за завршија серијата.
И третиот дуел мина како и првите два резултатски изедначено. Првиот период со шест разлика (28:22) им припадна на битолчани, а вториот со истата разлика (22:16) го доби екипата од населбата Тафталиџе од Скопје и на полувреме беше 44:44. Решавачки се покажа третиот период, кој Пелистер го доби со 21:17, бидејќи во последниот беше нерешено 25:25.
Најефикасен на дуелот беше репрезентативецот Виктор Ташовски од ТФТ со 29 поени, додека кај Пелистер Дамјан Крстевски постигна 23 поени.
Утре со почеток во 19 часот се игра натпреварот број 3 од финалето меѓу Маџари и МЗТ Скопје Аеродром, а предност од 2-0 во победи има актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
мај 24, 2026
