Connect with us

Општини

Свечена академија по повод патронатот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани

Со свечена академија синоќа во ЦК „Бели мугри“, Кочани ООУ „Св. Кирил и Методи“, едно од најреномираните во микро-регионов, го започна одбележувањето на својот патронен празник.

Преку забавно – едукативан програма подготвена од учениците и наставниците, училиштето се представи пред публиката прикажувајќи музички, ритмички и драмски точки што беа наградени со аплаузи.

Настапот на училишниот хор и оркестар високонаградувани годинава на национално ниво, како и точките на учениците од одделенска и предметна настава, ја збогатија програмата која траеше речиси два часа..

-Празникот Св. Кирил и Методиј е посветен на творците на македонскита и словенската писменост. Го славиме нивното име затоа што сме нивни должници, ги славиме за јазикот и писменоста што ни ги оставија во наследство како завет да ги чуваме и почитуваме ние и генерациите по нас. Темелот на секоја држава е образованието, а писменоста базирана на чувањето и негувањето на јазикот е материјалот со кој градиме светла иднина за сите идни генерации во градот и надвор од него – рече на свеченоста директорот на училиштето Драган Трајчев.

Тој, како резултат на сериозната работа на наставниот кадар и учениците, како особен успех на „Св.Кирил и Методиј“, ги издвои прзинанието Е-твининг школо за 2025/2026 година и Еразмус акредитација за 2027 година.

Одбележувањето на патрониот празник завршува в недела, 24 мај, со положување свежо цвеќе пред споменикот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, во дворот на училиштето во Кочани.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1