Connect with us

Кошарка

Јасикевичиус: Фенер не беше Фенер

Кошаркарите на Фенербахче го загубија полуфиналето во Евролигата и со тоа нема да ја бранат европската титула. Поуспешни беа кошаркарите на Олимпијакос, кои победија со 79:61.

Екипата на Фенербахче направи премногу грешки и имаше слаба реализација на шут во текот на целиот натпревар.

–  Олимпијакос беше Олимпијакос, Фенер не беше Фенер. Кога и да се доближивме резултатски, тие постигнуваа лесни поени и тоа го реши победникот. Им го честитам пласманот во финалето, изјави тренерот на Фенербахче Шарунас Јасикевичиус.

Во второто полуфинале на „фајнл-фор“ турнирот од 20 часот ќе играат Реал Мадрид и Валенсија.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1