Connect with us

Свет

Штокер: Австрија и Унгарија ги поврзува јасната определба за брзо проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар денеска е во официјална посета на Виена, каде беше пречекан со воени почести од австрискиот колега Кристијан Штокер.

Австрискиот канцелар наведе дека двете земји ги поврзува јасната определба за брзо проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, но оти за сите земји-кандидатки мора да важат исти правила.

– Руската агресија врз Украина драматично ја промени геополитичката средина. Проширувањето на ЕУ е најсилниот, најефикасниот геополитички инструмент за мир, безбедност и благосостојба, посочи Штокер.

Тој додаде дека „само иновативна и обединета Европа може самосвесно да ги претставува своите интереси во сè понестабилен свет“.

– Секој што сака да ја обезбеди способноста на Европа да дејствува мора да ја поддржи својата индустрија, да ги охрабри своите технологии и да го развие својот единствен пазар, бидејќи економската сила сè повеќе значи геополитичко влијание, наведе Штокер.

На заедничката прес-конференција Штокер и Маѓар ја нагласија желбата за интензивирање на билатералната соработката во рамките на Европска Унија. Исто така е договорено во септември да се одржи заедничка владина седница.

Маѓар ја потврди својата иницијатива Австрија да биде примена во Вишеградската четворка, која ги вклучува Полска, Чешка, Словачка и Унгарија. Самит на земјите од Вишеградската група, на инцијатива на Маѓар, планирано е да се одржи на крајот на јуни во Будимпешта.

– Ја поддржувам секоја иницијатива за повеќе заедничко дејствување во Европа, истакна Штокер.

Маѓар, кој во Виена допатува од Полска, се сретна и со претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1