Connect with us

Општини

Во Битола одбележан Светскиот ден на културната разновидност

Општина Битола го одбележа Светскиот ден на културната различност востановен со одлука на Генералното Собрание на Обединетите нации и поддржан од УНЕСКО.

Во своето обраќање до учесниците на културниот настан, културно уметнички друштва и претставници на етничките заедници во Битола, градоначалникот Тони Коњановски истакна дека локалната самоуправа продолжува да ја негува културата и мултикултурата како важно обележје на градот.

-Со овој настан ние уште еднаш како град ги потврдуваме интернационалните вредности на културните различности, но и традицијата на нашата Битола како град на мултикултурата. Настанот го одржуваме окружени од прекрасна архитектура, импресивен Широк сокак, две цркви и џамии во центарот на градот, културни различности по кои сме насекаде познати, посочи Коњановски.

На плоштадот „Магнолија“ во Битола беше изведена богата уметничка програма од културно – уметнички друштва и фолклорни ансамбли од овој град.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1