Connect with us

Фудбал

Извлечени двојките за баражите за Втората лига

Познати се и двојките за баражите за  место во Втората македонска фудбалска лига, каде осум екипи ќе водат битки за четирите позиции.

Жрепката се одржа денес во просториите на ФФМ. За четирите места во оваа конкуренција ќе се борат осум екипи од кои три се екипи кои се пласираа од деветтото до 11. место во Втората лига и петте шампиони во регионалните лиги.

Двојки: 

Тетекс Тетово – Влазними Струга

Каменица Саса – Еуромилк ГЛ

Кожув Гевгелија – Борец Велес

Победа Валандово – Камјани Камнењане.

Натпреварот Тетекс – Влазними ќе се одигра на 31 мај со почеток во 16 часот и 30 минути, ден порано во истиот термин на програмата се останатите три средби, а градовите домаќини дополнително ќе бидат одредени.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1