Свет
САД се закануваат со укинување на визите за Палестинците поради кандидатурата во ОН
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги укине визите на палестинската делегација при Обединети нации доколку амбасадорот Ријад Мансур не се повлече од кандидатурата за потпретседател на Генералното собрание.
– Би било жално доколку би морале повторно да разгледуваме дополнителни опции – се посочува во интерен извештај на Стејт демартментот, алудирајќи на можно укинување на претходно одобреното изземање од американските визни санкции.
Во Документот испратен до Американската амбасада во Ерусалим, се наведува дека кандидатурата на Ријад Мансур „ги зголемува тензиите“ и го загрозува мировниот план на администрацијата на Доналд Трамп за Појасот Газа.
Во интерната инструкција до која дојдоа американски медиуми уште се додава дека доколку кандидатурата не биде повлечена, САД ќе ја смета Палестинска управа за одговорна и ќе преземе мерки.
Ријад Мансур претходно, под притисок на САД, се повлече од трката за претседател на Генералното собрание, но остана кандидат за потпретседателската функција.
Палестинците во Обединети нации имаат статус на набљудувач, без право на глас во Генералното собрание составено од 193 членки. Изборите за претседател и 16 потпретседатели на Генералното собрание се закажани за 2 јуни.
мај 21, 2026
