Свет
Триестина рибари и дрвосечачи убиени во напади на Боко харам во северниот дел на Нигерија
30-ина лица, рибари и дрвосечачи, се убиени во два напади извршени од џихадистичката група Боко харам во североисточната нигериска држава Борно.
Нападите биле извршени во понеделникот. Во едниот напад биле убиени шест дрвосечачи, а во другиот 27 рибари. Според локални извори, напаѓачите пристигнале со мотоцикли и не поштедиле никого од групата.
Државата Борно останува епицентар на конфликтот што однесе десетици илјади животи во Нигерија, што е најнаселената држава во Африка.
Обновувањето на исламистичките напади во последните месеци ги натера нигериските власти да ја засилат воената соработка со Соединети Американски Држави. Вооружените сили на двете земји неодамна соопштија дека ликвидирале 175 борци во заеднички операции против екстремистички групи.
мај 21, 2026
