Connect with us

Свет

Колумбиската Национална ослободителна армија прогласи тридневно примирје за време на претседателските избори

Колумбиската герилска група Национална ослободителна армија прогласи еднострано тридневно примирје за време на првиот круг од претстојните претседателски избори.

Групата наведе дека краткото примирје е со цел да се почитува правото на глас на Колумбијците.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 31 мај.

Претседателската кандидатка номинирана од десничарската партија Демократски центар, Палома Валенсија денеска изјави дека доколку победи, ќе ја отфрли сегашната политика на владата за „тотален мир“ и ќе воведе строги безбедносни мерки против вооружените групи. Таа најави и дека ќе ги обнови налозите за апсење на лидерите на АНО.

Актуелниот колумбиски претседател Густаво Петро по преземањето на функцијата во 2022 година ги суспендираше налозите за апсење и барањата за екстрадиција за членовите на АНО во обид да ги обнови мировните преговори за ставање крај на речиси 60-годишната војна. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1