Connect with us

Свет

Пентагон соопшти дека го намалил бројот воени бригади во Европа од четири на три

Министерството за одбрана на САД синоќа соопшти дека го намалува бројот американски воени бригади во Европа од четири на три, враќајќи го распоредот на нивоата од 2021 година, во мигови кога Вашингтон врши притисок врз континентот да вложува повеќе во сопствената одбрана.

Пентагон наведува дека „вкупниот број борбени бригади распоредени во Европа е намален од четири на три“, при што една бригада брои меѓу 4.000 и 4.700 војници.

Во соопштението се додава дека тоа доведува до „привремено одложување“ на распоредувањето на американските сили во Полска.

Претходно американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека планираното испраќање четири илјади војници во Полска е одложено, но не и откажано.

Пентагон нагласува дека конечната распределба на силите ќе зависи од „стратешките и оперативните потреби на САД“ и од капацитетите на сојузниците во Европа за сопствената одбрана. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1