Фудбал
Артета: Заедно испишавме историја
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се обрати до тимот по ремито 1:1 на Манчестер сити со Борнмут во 37. коло од англиската Премиер лига. По овој резултат Арсенал ја обезбеди шампионската титула.
– Повторно испишавме историја, заедно. Не би можел да бидам посреќен и горд на сите поврзани со овој фудбалски клуб. Ајде само да уживаме во моментот, изјави Артета за клупскиот сајт на Арсенал.
Откако Манчестер Сити не успеа да го победи Борнмут (1-1) во вторник, 19 мај, „Топџиите“ станаа недостижни. Со еден натпревар до крајот, Арсенал има 82 бода, додека второпласираниот Сити има 78.
Арсенал ја освои англиската Премиер лига по 14. пат во својата историја. Лондончани ја освоија титулата за прв пат од сезоната 2003/04, кога предводени од Арсен Венгер останаа непоразени во Премиер лигата.
мај 20, 2026
