Connect with us

Свет

Долниот дом на францускиот парламент одобри дополнителни 36 милијарди евра за армијата

Пратениците во Долниот дом на францускиот парламент го одобрија доделувањето на дополнителни 36 милијарди евра за потребите на вооружените сили на земјата до 2030 година, како одговор на новонастанатата меѓународна безбедносна ситуација.

Измените во Законот за воено планирање за периодот 2024–2030 година, кои беа иницирани од страна на владата, беа усвоени во прво читање со убедливо мнозинство од 440 гласови „за“ наспроти 122 „против“.

– Овој закон ни овозможува соодветно да одговориме на засилените безбедносни закани во светот – изјави министерката за одбрана Катрин Вотрен по завршувањето на гласањето.

За законските измени „за“ гласаа пратениците од владејачките партии, како и опозициските партии „Национален собир“ и Социјалистичката партија, додека останатите левичарски партии се спротивставија, критикувајќи ги предвидените мерки како „репресивни врз слободите“. Се очекува законскиот текст да биде разгледан во Горниот дом на парламентот (Сенатот) на 2 јуни

Маркетинг
Ad 1
Ad 1