Connect with us

Кошарка

Вембањама испишува НБА историја

Францускиот репрезентативец и играч на Сан Антонио, Виктор Вембањама испишува историја во НБА лигата и стана седмиот играч во НБА лигата кој успеал да запише 40 поени и 20 скокови конференциско финале или во финалето. Тој во дуелот број 1 од НБА финалето против Оклахома Сити го заврши со 41 поен и 20 скокови, а натпреварот имаше и две продолженија.

Французинот е втор играч во дресот на Сан Антонио по Дејвид Робинсон со 40 поени и 20 скокови во плеј офот.

Со овие бројки тој стана прв играч по Вилт Чемберлен во своето деби на конференциско финале да има 40+ поени и 20 скокови. На овој начин Вембањама им се приклучи на Карим Абдул Џабар, Чарлс Баркли, Карл Мелоун, Елџин Бејлор, Вил Чемберлен и Шекил О‘ Нил.

Сезонава ја игра одлично, а во гласањето за МВП наградата заврши на третата позиција со просек од 41 поен, 23 скокови и по 3 асистенции и блокади. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1