Connect with us

Свет

Европскиот парламент изгласа драстично зголемување на царините за увоз на челик

Европскиот парламент денеска донесе нови, значително построги правила со цел да ја заштити челичната индустрија на Унијата од евтината конкуренција која доаѓа од трети земји, пред сè од Кина.

Мнозинството европратеници на гласањето во Стразбур дадоа поддршка за драстично намалување на количините челик што можат да се увезат во ЕУ без царина, додека секој увоз над дозволениот лимит ќе се оданочува со многу повисоки казнени тарифи од досегашните.

Новата регулатива претходно беше усогласена во преговорите со земјите членки, со што денешното гласање претставува и формално усвојување на постигнатиот компромис.

Евтиниот челик кој се увезува главно од Кина, Индија и Турција веќе подолго време им создава сериозни проблеми на европските производители. Со воведувањето на новите мерки, ЕУ планира да го заштити својот пазар од глобалното хиперпродукција и истовремено да ги сочува работните места во овој сектор. Актуелните прописи за увоз истекуваат на 30 јуни.

Според новите правила, квотата за безцарински увоз ќе биде ограничена на максимални 18,3 милиони метрички тони на годишно ниво, што е за околу 47 отсто помалку во споредба со претходно. Сите количини кои ќе ја надминат оваа граница ќе подлежат на казнена тарифа од 50 отсто, што претставува двојно зголемување во однос на досегашната стапка од 25 отсто.

За новите правила и официјално да стапат во сила, потребно е уште земјите членки на ЕУ да го дадат своето конечно формално одобрување.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1