Connect with us

Свет

Критики за Трамп поради одлуката за основање фонд за обештетување на „жртвите“ на администрацијата на Бајден

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се соочува со критики поради основањето фонд вреден над 1,7 милијарди долари за наводни жртви на владини постапки, покренати во времето на администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Американското Министерство за правда соопшти дека фондот е резултат на спогодба и дека средствата ќе бидат наменети за обештетување лица кои тврдат дека биле жртви на политички или идеолошки мотивирани постапки на претходната администрација.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, ја нарече одлуката „фарса“, обвинувајќи дека станува збор за начин за наградување политички сојузници и поддржувачи на Доналд Трамп.

Според американски медиуми, дел од средствата би можеле да бидат насочени кон поддржувачи поврзани со настаните од 6 јануари 2021 година во Капитол Хил, дел од кои подоцна беа помилувани од Доналд Трамп.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1