Connect with us

Свет

Европските министри за одбрана бараат засилување на соработката во вселената

Одбранбените капацитети во вселената имаат сè поголемо и брзоразвивачко значење за сите форми на воени конфликти, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус, по состанокот со своите колеги од Австрија, Швајцарија и Луксембург во Берлин, јави ДПА.

Писториус истакна дека за време на неговата посета на Украина минатата недела видел како украинските сили, со помош на „Старлинк“ и модерната технологија за беспилотни летала, успеале да ја таргетираат логистиката на руските сили зад линијата на фронтот. Според него, мирот мора да се осигура и преку „капацитети за одвраќање во вселената“.

Германскиот министер укажа на зголемената соработка во заедничката обука за објекти во орбитата, избегнување на судири, како и на извидување и заштита на сателитските системи.

На состанокот во Берлин учествуваа и австриската министерка за одбрана Клаудија Танер, швајцарскиот министер Мартин Пфистер и луксембуршката министерка Јурико Бакес.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1