Connect with us

Општини

Викендов на Осоговските Планини се возеше планинско-велосипедската тура „Манданата 2026“

Клубот за планински спортови „Осоговски Орел“ од Кочани викендов на падините на Осоговските Планини ја реализираше третата планинско-велосипедска тура „Манданата 2026“.

На овој спортско-рекреативен настан учествуваа повеќе од 50 велосипедисти од клубови од Македонија, кои возеа на кружна патека долга 25 километри, со висинска разлика од 900 метри. Уесниците стартуваа од месноста Бочвенец, каде претходно беше организирано кампување со ноќевање.

Настанот е традиционален и се организираше во соработка со Македонската асоцијација на аматерски велосипедски здруженија и клубови, со поддршка од Општина Кочани, Млекара „Балкан“ и „Винчини“.

 -Со големо задоволство сакаме да споделиме дека планинско-велосипедскиот настан „Манданата“ беше успешно реализиран во одлична атмосфера, исполнета со спортски дух и дружење. Настанот обедини голем број љубители на планинскиот велосипедизам, со учество на повеќе клубови од цела Македонија, кои преку своето присуство придонесоа за одлична спортска атмосфера. Учесниците имаа можност да уживаат во прекрасните природни предели, адреналинските патеки и добрата организација на настанот. Покрај спортскиот дел, настанот беше и одлична можност за дружење, размена на искуства и зацврстување на пријателствата меѓу велосипедските клубови – порачуваат од КПС „Осоговски Орел“ – Кочани.

Клубот упатува благодарност до сите учесници, клубови, поддржувачи и волонтери кои придонесоа за успешната реализација на настанот посветен на Стефан Мандалов Манданата, кој во септември 1903 година воблизината на селото Мишино на Осогово го има загубено својот животот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1