Connect with us

Општини

Општина Охрид му наложи на изведувачот да коригира неправилности при реконструкцијата на плоштадот кај Чинарот

При извршената контрола на терен во рамките на реконструкцијата на плоштадот кај Чинарот надзорниот орган констатирал неправилности во поставувањето на коцката на почетокот од пешачката зона, на површина од приближно 45 квадратни метри.

На изведувачот притоа му е издаден налог за корекција и целосно усогласување со проектната документација и техничките стандарди, при што сите трошоци за прередување ќе бидат на товар на изведувачот.

Од Општина Охрид соопштија дека преку стручен надзор континуирано се следи квалитетот на градежните активности во согласност со законските процедури и договорните услови.

Општината нагласува дека нема да се прифаќаат решенија што отстапуваат од предвидениот квалитет и дека сите забелешки задолжително ќе треба да бидат отстранети пред продолжување и прием на работите.

Целта на реконструкцијата на плоштадот кај Чинарот е таа да се реализира квалитетно, безбедно и во интерес на граѓаните, се посочува во дописот од Општина Охрид.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1