Connect with us

Свет

Мелони поради инцидентот во Модена ја откажа посетата на Кипар

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони ја откажа денешната посета на Кипар поради инцидентот во Модена, при што се повредени седум луѓе, од кои двајца се во критична состојба.

Инцидентот се случи вчера откако возило со голема брзина удри во излог на продавница во центарот на Модена, а потоа со нож ги нападна лицата кои се обиделе да го запрат да не побегне.

Напаѓачот е приведен и е идентификуван како 31-годишен италијански државјанин со мароканско потекло, Салим ел Коудри. Полицијата изврши претрес во неговиот дом, но не откри докази дека тој е радикализиран, но постојат индиции дека е ментално нестабилен.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1