Фудбал
Салах ќе продолжи да игра европски фудбал
Египетскиот фудбалер и член на Ливерпул, Мохамед Салах на 24.мај на Енфилд против Брентфорд за последен пат во кариерата ќе го облече црвениот дрес на официјален натпревар. По несогласувањата со менаџерот Арне Слот, Салах сезонава беше и суспендиран, а набрзо потоа изјави дека на крајот од сезоната ќе го напушти клубот без обесштетување.
Според турските медиуми, Фенербахче е подготвен да понуди средства и Салах да остане да игра европски фудбал, воедно се истакнува дека биле почнати и преговори со претставници на играчот, а во план бил тригодишен договор. Се споменува понуда од 20 милиони евра по сезона или вкупно 60 милиони евра.
Фенербахче по секоја цена планира да ја прекине доминацијата на Галатасарај во турскиот фудбал.
Инаку, за Салах по објавата дека заминува од Ливерпул, најмногу се пишуваше дека ќе има нов клуб во Саудиска Арабија.
мај 17, 2026
