Connect with us

Свет

Ердоган: Државите би требало да ги бранат правата на сопствените граѓани, а не интересите на актерите вон регионот

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Анкара ќе продолжи да поттикнува силна регионална соработка, да ги зајакнува одбранбените способности и да го обнови дипломатскиот ангажман со сојузниците во НАТО и во Европска Унија.

Тој осврнувајќи се на американско-израелските напади врз Иран, истакна дека прво мора да биде запрен Израел.

– Прво треба да бидат неутрализирани израелските провокации, а потоа ќе може да се гради вистински мир. Ако се сака трајна стабилност во регионот, сите мора да ги отфрлат краткорочните калкулации. Државите би требало да ги бранат правата на сопствените граѓани, а не интересите на актерите вон регионот, посочи Ердоган.

Тој коментирајќи го претстојниот самит на НАТО, наведе дека очекува клучни одлуки за иднината на Алијансата и глобалната безбедносна архитектура.

Според Ердоган, Турција е „голема можност“ за ЕУ, која се соочува со „историска одлука“, што треба да ја искористи.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1