Connect with us

Фудбал

Уште еден играч од шампионската генерација заминува од Енфилд?

 По најавените заминувања на Мохамед Салах и Енди Робертсон, како и евентуалниот трансфер на Алисон во Јувентус најверојатно по осум сезони минати во Ливерпул, Вирџил Ван Дајк ќе го напушти клубот. Тоа значи и последниот играч од ерата на менаџерот Јирген Клоп дека го напушта Ливерпул. Според турските медиуми тој веќе дал потврден одговор за трансфер во Галатасарај, со услов Ливерпул да го пушти без обесштетување.

Ако дојде до евентуален договор, за Ливерпул може да има и олеснување пред сè на финансиски план бидејќи за една година колку има уште холандскиот играч од договорот треба да му исплатат повеќе од 18 милиони фунти.

Ван Дајк за Ливерпул има одиграно 373 натпревари со 36 голови и 16 асистенции, а во кариерата има настапувано за Гронинген, Селтик и Саутемптон. Тој е капитен на Ливерпул и на холандската репрезентација и го очекува настап на Светското првенство. Ван Дајк беше еден од клучните играчи во освојувањето на двете титули во Премиер лигата и титулата во Лигата на шампионите во трите финалиња.

Ливерпул веќе има обезбедено и замена во 20-годишниот Жереми Жаке, играч на француски Рен.

Заминувањето на „квартетот“ Салах, Алисон, Робертсон и Ван Дајк би значело дека натпреварот на 24.мај против Брендфорд на Енфилд ќе биде нивниот последен во „црвениот дрес“. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1