Connect with us

Вести

Николоски: Со браќата Битов за македонските работи и промоција на Македонија на светската сцена

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски остварил средби со канадските претприемачи со македонско потекло Џон и Јордан Битов, сопственици на дневниот весник во Канада „Торонто стар“, како и со Марко Мендасино, поранешен министер, член на Парламентот на Канада и член на владата.

– Прекрасни средби со претставници на „Македонија 2025“ и нивни блиски соработници. Пријателите на Македонија отсекогаш биле важен столб во поддршкaта и развој на нашата држава. Во рамките на самитот на „Македонија 2025“ остварив значајна средба со нашите долгогодишни пријатели на Македонија, Џон и Јордан Битов, сопственици на најголемиот дневен весник во Канада „Торонто стар“, како и со Марко Мендасино, поранешен министер, член на Парламентот на Канада и член на владата. Семејството Битов игра водечка улога во нашата дијаспора, заслужни се за многу успеси на Македонија од самостојноста до денес – напиша Николоски на „Фејсбук“.

На средбите, како што наведува, станало збор за економските политики на Македонија, размената на знаење, употребата на дигиталните технологии, поддршката за образованието, здравството и институциите.

– Со заедничка работа и партнерство Македонија може побргу да напредува и да стане посилна и поконкурентна држава – напиша Николоски. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1