Connect with us

Фудбал

Го бараат во Португалија, но Силва не размислува за враќање во својата земја

Фудбалерот на Манчестер Сити, Португалецот Бернардо Силва ги игра последните натпревар во синиот дрес. На крајот од сезоната ги напушта редовите на „граѓаните“, а не е познато која ќе биде неговата следна дестинација.

Португалските медиуми пренесуваат дека имало повик и од Бенфика, што би значело враќање во матичната земја.

–  Изјавив дека ова лето не заминувам во Бенфика. Сакам да се вратам, но не знам дали тие ќе ме сакаат кога јас ќе имам желба, изјави Силва.

Во кој клуб ќе ја продолжи кариерата Силва ќе биде познато до почетокот на Светското првенство истакна играчот.

Последните информации се дека е најблиску до Јувентус, иако претходно имаше најави за трансфери во Турција и во Саудиска Арабија. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1