Свет
Двопартиска одлука во Вашингтон: Без плати за сенаторите додека владата е во блокада
Американскиот Сенат усвои резолуција со која се предвидува прекин на исплатата на платите на сенаторите за време на периодот на блокада на работата на владата (т.н. шатдаун), што претставува редок двопартиски потег насочен кон зголемување на одговорноста за време на фискалните застои, јави Анадолија.
Мерката, предложена од сенаторот Џон Кенеди, беше усвоена со гласање и треба да стапи во сила по изборите во ноември. Според резолуцијата, сенаторите нема да примаат плати за време на идните прекини во работата на сојузната влада, со што нивните примања се усогласуваат со влијанијата што ги чувствуваат федералните работници.
– Ова е прашање на заедничка жртва. Ако сенаторите гласаат за прекин на работата на владата и ги спречат милионите федерални работници да примаат плати, тие треба да ја имаат истата судбина, изјави Кенеди. Тој додаде дека неговата резолуција ќе осигура сенаторите да не бидат единствените луѓе кои добиваат плата за време на блокадата.
мај 16, 2026
