Свет
Русија и Украина разменија по 205 воени заробеници
Русија и Украина денеска разменија по 205 заробеници, соопштија руските власти.
– Русија врати 205 свои заробеници од територијата на Украина, а за возврат 205 воени заробеници на вооружените сили на Украина се префрлени во Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Руските војници во моментов се наоѓаат во Белорусија, каде што добиваат неопходна психолошка и медицинска помош. По завршувањето на првичните прегледи, тие ќе бидат вратени во Русија на понатамошно лекување и рехабилитација, наведува руската агенција.
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во оваа хуманитарна операција дејствуваа како посредник во размената меѓу двете завојувани страни.
Претходната размена на воени заробеници беше извршена на 24 април, кога беа разменети по 193 лица од двете страни.
мај 16, 2026
