Свет
Цените на нафтата пораснаа по изјавата на Трамп дека Кина ќе купува американска нафта
Цените на нафтата денеска пораснаа за повеќе од 1 отсто по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Кина планира да купува сурова нафта од Соединетите Американски Држави.
Цената на суровата нафта тип од типот „Брент“ порасна за 1,17 долар, односно 1,11 отсто, на 106,89 долари за барел. Американската „лесна“ нафта поскапе за 1,10 долар, односно за 1,09 отсто, на 102,27 долари за барел.
Растот на цените дополнително е поттикнат од загриженоста од евентуални напади врз бродови и заплени во Ормуската Теснина, една од клучните рути за глобалниот транспорт на нафта.
Цените на нафтата денеска бележат раст независно од информациите на Иран дека 30-ина брода во текот на вчерашниот ден поминале низ Ормуската Теснина.
мај 16, 2026
