Фудбал
Нотингем Форест отвори преговори за продолжување на договорот со Вилијамс
Нотингем Форест отвори преговори за продолжување на договорот со дефанзивецот Неко Вилијамс поради зголемениот интерес од други клубови од Премиер лигата.
Според „Би-би-си“, Њукасл, Астон вила, Манчестер јунајтед и Евертон се заинтересирани за 25-годишниот Велшанец. Тие веќе направиле прелиминарни распрашувања. Нотингем Форест е решен да го задржи играчот.
Вилијамс е во Форест од јули 2022 година. Неговиот договор важи до 30 јуни 2029 година. Во сезоната 2025/26, дефанзивецот постигна два гола и имаше четири асистенции во 51 натпревар.
„Трансфермаркт“ ја проценува неговата трансферна вредност на 25 милиони евра.
мај 15, 2026
