Connect with us

Свет

Шји: Кина и САД треба да се партнери, а не соперници

Претседателот на Кина, Шји Џинпинг, на приемот организиран во чест на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Кина и САД треба да бидат партнери, а не соперници.

Тој посочи дека двете држави имаат потенцијал за соработка.

– И кинескиот и американскиот народ се големи народи. Остварувањето на големата преродба на кинеската нација и враќањето на величината на Америка можат да одат рака под рака, наведе Шји.

Тој додаде дека двете држави можат да работат за општото добро.

– Можеме да си помагаме едни на други да успееме и да придонесеме за благосостојбата на целиот свет. Нашите две земји треба да бидат партнери, а не соперници, истакна Шји.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1