Connect with us

Вести

Николоски: За капитални проекти реализирани 75 отсто од буџетските средства на Министерството

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека досега за капитални проекти се реализирани 75 отсто од буџетските средства на Министерството за транспорт.

Како што рече, Министерството е подготвено и за повеќе ако буџетот дозоволува.

– Со добро планирање, успеавме досега да реализираме 75 отсто од средствата за капитални проекти од буџетот на Министерството за транспорт, што е одличен резултат. Доколку има простор, подготвени сме да потрошиме и дополнителсни средства ако буџетот тоа го дозволува. Многу сум задоволен од реализацијата на буџетот во Министерството за транспорт. Во делот на капиталните расходи сме некаде 75 отсто реализација, што е резултат на добро планирање што го направивме минатата година. Ако ме прашувате за следна и за следна година, очекувам состојбатa во првите месеци да биде иста. Доколку има простор во буџетот, ние со тимот во Министерството сме подготвени да примиме поголем буџет доколку има простор – истакна Николоски одговорајќи на новинарски прашања.

Николоски учествуваше на конференцијата „Бизнис со интегритет“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1