Connect with us

Фудбал

Интер го освои италијанскиот Куп

Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија по десетти пат во својата историја откако го совладаа синоќа Лацио со 2-0 во финалето во Рим.

Интер доминираше од самиот почеток на натпреварот и заслужено го освои трофејот.

„Нероаѕурите“ дојдоа во водство во 14 минута со автоголот на Адам, а конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинез дваесет минути подоцна.

Победничкиот трофеј на теренот го внесоа Кристијан Виери и Ален Бокшиќ, а на трибините беа бројни легенди на италијанскиот фудбал, меѓу кои Алесандро дел Пјеро, Марко Матераци, Роберто Баџо и Деметрио Албертини.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1