Connect with us

Фудбал

Нојер уште една сезона во Баерн за пониска плата

Капитенот на германскиот фудбалски првак Баерн, 40-годишниот голман Мануел Нојер, се согласи со условите на новиот договор што му го понудил клубот од Минхен, јавија денеска германските медиуми.
Сегашниот договор на Нојер со Баерн истекува следниот месец, а според извештаите, двете страни се договориле за продолжување на соработката за уште една сезона.
Според Скај, официјалната потврда треба да биде објавена по саботниот дуел меѓу Баерн и Келн, во рамки на последното коло од сезоната во Бундеслигата.
Преговорите поголемиот дел од времето се фокусирале на висината на платата на Нојер, а според извештајот, поранешниот голман на германската репрезентација се согласил на намалување на износот во споредба со сè уште важечкиот договор.
Нојер му се приклучи на Баерн од Шалке во 2011 година и со гигантот од Минхен освои 13 германски титули, а два пати триумфираше во Лигата на шампиони. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1