Connect with us

Свет

Словачка ги затвори сите гранични премини со Украина поради масовни руски напади врз Закарпатје

Општиот суд на Европската Унија денеска му додели делумна победа на издавачот на стриповите „Астерикс“ во спорот околу трговската марка „Обеликс“.

Судот на ЕУ ја поништи одлуката на Канцеларијата на ЕУ за интелектуална сопственост (ЕУИПО), која претходно одби да ја прогласи за неважечка трговската марка регистрирана од полска компанија за производство на оружје. Францускиот издавач „Ле едисион Албер Рене“ ја оспори таа одлука, а на денешната пресуда сè уште може да се поднесе жалба до Судот на правдата на ЕУ.

Францускиот издавач ја поседува регистрираната трговска марка „Обеликс“ од 1998 година и ја користи за книги, облека и игри. Меѓутоа, во 2022 година, европската канцеларија го регистрирала истиот збор како трговска марка за оружје и муниција на полска компанија.

Издавачот ја критикуваше компанијата од одбранбената индустрија дека потенцијално ја искористува препознатливоста и угледот на постојната трговска марка и му нанесува штета на нејзиниот имиџ. Во жалбата беше наведено дека компанијата директно асоцира на „непобедливоста и натчовечката сила“ на Обеликс, еден од главните ликови во стрипот на Рене Госини и Албер Идерзо.

Иако ЕУИПО првично го одби барањето со образложение дека угледот на марката не е доволно докажан и дека стриповите и оружјето се сосема различни производи, Судот на ЕУ го отфрли таквото образложение. Според Судот, анализата на канцеларијата била нецелосна и погрешна, особено во делот на процената на доказите за репутацијата. Дополнително, Судот смета дека не требало да се игнорираат доказите кои покажуваат дека ознаката на одбранбената компанија се користела во корелација со трговската марка „Астерикс“.

Случајот сега е вратен на повторно разгледување во Европската канцеларија за трговски марки.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1