Connect with us

Вести

ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, тоа што СДСМ одамна го изгуби својот идентитет е нивен проблем со кој бргу ќе се соочат на избори, вели Мицкоски

Ние сме промакедонска партија и тоа е она што нас нè интересира, а тоа што СДСМ како политичка партија одамна го изгуби својот идентитет и начин на дејствување, тоа е нивен проблем и мислам дека со тој проблем многу бргу ќе се соочат на избори – рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар на тоа што лидерот на СДСМ ја нарекол ВМРО-ДПМНЕ бугарофилска партија.

Мицкоски истакна оти ова не заслужува дополнителен коментар затоа што, како што истакна, тој утре ќе каже нешто друго.

– Не можам да го коментирам тоа затоа што утре нешто друго ќе рече. Претпоставувам, ќе измисли некоја друга придавка. Практично, човекот секој ден кажува, и раководството на СДСМ, генерално, секој ден кажуваат работи, кои, прво, се некултурни, а второ, она што го соопштуваат во јавноста во текот на денот неколкукратно го менуваат така што претпоставувам до вечер ќе бидеме некаква друга „филмска“ партија – рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по увидот на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1