Connect with us

Вести

Савески не бил рефериран за запирањето на истрагата за мазутот

Предметот за „ТЕЦ Неготино“, кој тежеше околу 167 милиони евра, а за кој Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска ја запре истрагата, не бил рефериран во републичкото јавно обвинителство.

Републичкиот обвинител Ненад Савески за „Фокус“ потврди дека од републичкото обвинителство не било побарано мислење, што значи дека одлуката за запирање на истрагата била донесена во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

,,Државата немала никаква штета од набавките на мазут за ,,ТЕЦ Неготино”, туку само корист. Во спротивно ќе сме имале големи рестрикции на струја”. Ова денеска го соопшти обвинителката Катерина Коларевиќ, која по 14 месеци истрага, вчера донела одлука да ја затвори истрагата за случајот ,,Тец Неготино”, предмет кој тежи 167 милиони евра.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1