Свет
Тајани за побрзо приклучување на Западен Балкан кон ЕУ
Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, денеска во Братислава изјави дека се залага за забрзување на вклучувањето на Западен Балкан во европското семејство.
Тој ова го изјави на состанокот на групата „Пријатели на Западен Балкан“ со министрите за надворешни работи од регионот и еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
– Повторно ја активирав нашата посветеност за забрзување на вклучувањето на Западен Балкан во европското семејство, тоа е стратешки приоритет на италијанската надворешна политика за просперитетот и безбедноста на нашиот континент – напиша Тајани на Х.
Тој додаде дека ја повторил силната поддршка за зајакнување на присуството на компаниите од ЕУ на Балканот, вклучувајќи ја и поврзаноста на секторите преку проекти како што се Коридорот 8, Иницијативата три мориња, железничката пруга Трст-Белград и IMEC (коридорот Индија-Блиски Исток-Европа).
мај 12, 2026
