Connect with us

Вести

Собраниската комисија за образование, наука и спорт ги прифати забелешките на Владата за Универзитетот Мајка Тереза

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт на денешната седница ги прифати сите забелешки на Владата на Република Македонија кои се однесуваат на статутарните одлуки на Универзитет Мајка Тереза.

Како што беше посочено на седницата, станува збор за технички измени усогласени со законските прописи и препораките на Министерство за образование и наука.

Со измените на Статутот се предвидува името на Универзитетот на печатите да биде испишано на македонски, албански и англиски јазик, а истиот редослед на јазиците ќе се применува и во дипломите и додатокот кои им се издаваат на студентите.

– Со нов член од Статутарната одлука има измени со кои „одората на ректорот е во темноцрвена боја со додаток сина и темносина боја. Одората на проректорите, деканите и продеканите е во темносина боја, со додаток во светлосина и бела боја, дополни претседателката на Комисијата, Иванка Василева.

Претставникот на Универзитетот, Бујамин Вела, појасни дека се прават и измени во Статутот каде во член 1, став 1 сврзникот „и“ се заменува со запирка и по зборовите „Факултет за социјални науки“ се додаваат зборовите Правен Факултет, Економски Факултет и Факултет за хуманистички науки. Тој напомнеа дека измените доаѓаат од законските прописи и препораки од МОН.

Забелешките беа едногласно прифатени, по што беше констатирано дека Комисијата писмено ќе ја извести собраниската Законодавно-правна комисија за да постапи согласно членот 207 став 1 од Деловникот на Собранието.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1