Свет
Германија ќе учествува во финансирањето на воени центри за обука во Украина
Германија ќе партиципира со над 10 милиони евра во иницијативата на Европската Унија за воспоставување воени центри за обука во Украина, изјави министерот за одбрана Борис Писториус, пренесе ДПА.
Финансирањето ќе ја покрие инфраструктурата потребна за цел еден центар за обука, изјави Писториус за време на посетата на украинскиот главен град Киев.
Тој рече дека центрите имаат за цел да помогнат во одржувањето на оперативната подготвеност на украинската армија, вклучително и по евентуален мировен договор со Русија, пренесе германската агенција.
Иницијативата е една од неколкуте мерки насочени кон зајакнување на идното одвраќање, рече Писториус.
Речиси 27.000 украински војници се обучени во Германија досега, додаде тој.
Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина пред повеќе од четири години, потсетува ДПА.
мај 12, 2026
