Connect with us

Кошарка

Минесота го победи Сан Антонио и го израмни резултатот во плејоф серијата

Минесота ноќеска го победи Сан Антонио во четвртиот натпревар од четвртфиналето на плејофот на НБА со 114:109. Натпреварот се играше во Минеаполис.

Бек на Минесота, Ентони Едвардс, ги предводеше домаќините до триумфот постигнувајќи со 36 поени. 

Центарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама, беше исклучен откако го удри со лакт центарот на Минесота, Наз Рајд. Му беше досуден неспортски фаул од втор степен.

Минесота го израмни резултатот на 2:2 во серијата прв до четири победи. Тимовите ќе го играат својот следен натпревар на 13 мај во Сан Антонио.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4