Кошарка
Пелистер се избори за мајсторка со МЗТ
Кошаркарите на Пелистер вечерва го победија актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром во вториот натпревар од полуфиналната серија на плејофот.
Натпреварот во Битола заврши со резултат 81:76 за домаќините кои се изборија за „мајсторка“.
По изедначената прв четвртина која заврши 18:17 за Пелистер, во вториот период зелено-белите одиграа многу подобро од противникот и на пауза отидоа со двоцифрена предност 46:33, која се покажа доволна за конечен триумф.
Џенкинс беше најефикасен на натпреварот со 31 поен и најзаслужен за победата на домашниот тим.
Во поразениот тим Танасковиќ беше најефикасен со 22 поена.
мај 11, 2026

