Connect with us

Вести

Д-р Трајковска: Еден донор на органи може да спаси и до осум животи и да им даде надеж на многу други

Во рамки на широка кампања за промоција на органодарителството, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“, д-р Марина Трајковска, анестезиолог во ГОБ „8 Септември“, апелира секој граѓанин да разговара со своето семејство за одлуката да биде донор на органи. Со изборот да биде донор, граѓанинот избира да подари некому живот, се истакнува во денешното соопштение на Министерството за здравство.

– Замисли дека нечиј живот зависи од одлука што можеш да ја донесеш денес. Еден донор на органи може да спаси и до осум животи и да им даде надеж на многу други. Во овој момент, некој чека повик. Нечие дете, родител, близок. Ти можеш да бидеш таа надеж. Со една одлука оставаш наследство што продолжува да живее – порачува д-р Трајковска.

Министерот за здравство Азир Алиу преку пишана изјава потсетува дека во тек е измена на Законот за органодарителство, со цел проширување на кругот на лица, кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на административните постапки и овозможување секој граѓанин со изјава кај својот матичен лекар, да се определи за потенцијален донор на органи по смртта.

– Ова е уште еден чекор во насока на подигнување на јавната свесност за значењето на органдонорството, како највисок акт на човекољубие со што се спасуваат човечки животи – нагласуваат од Министерството за здравство.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4