Connect with us

Кошарка

Претседателот на Денвер не размислува за размена на Јокиќ

Претседателот на Денвер Нагетс, Џош Кронке, коментираше за иднината на центарот Никола Јокиќ во тимот.

-Мислам дека сите опции се на маса во моментов. Ќе кажам сите, освен размената на Никола Јокиќ, бидејќи моите зборови беа извртени на многу интересен начин минатото лето. Но да, освен размената на Никола, апсолутно сè е на маса. И мислам дека опцијата едноставно да се задржи овој состав и да се оди во следната сезона со него, исто така, треба да се разгледа“, го цитира „UnderdogNBA“ Кронке.

Нагетсите претходно загубија од Минесота во серијата од првото коло од плејофот, со 4:2.

Триесет и едногодишниот Србин е во клубот од 2015 година.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3