Connect with us

Фудбал

Карик сака успешен крај на сезоната, а потоа ќе размислува за клупата на Манчестер Јунајтед

Актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик изјави дека прво размислува за успешен крај на сезоната, а дури потоа за сопствената иднина на „Олд Трафорд“. Карик во моментов е привремено решение на клупата на „црвените ѓаволи“, откако во јануари го наследи Рубен Аморим.

Тој има успешни резултати, а тимот со победата од 3:2 против големиот ривал Ливерпул во претходното коло на три натпревари пред крајот обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Сепак и покрај добрите резултати и желбата на навивачите тој да остане менаџер сè уште нема решение, кој следната сезона ќе седи на клупата на Манчестер Јунајтед.

Сега размислувам како да ја подготвам за финишот на сезоната. Ќе видиме што ќе се случи. Можеби и ќе останам, ќе видиме, навистина не знам, изјави Карик.

До крајот на Премиер лигата Манчестер Јунајтед игра против Сандерленд и Брајтон (гости) и Нотингем Форест (дома).

Маркетинг
Ad 2
Ad 1