Connect with us

Вести

Николоски најави пет нови авиолинии од јуни: Македонија станува регионален центар за керозин

Македонското небо се подготвува за раздвижено лето. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, најави дека од јуни се отвораат пет нови атрактивни авиодестинации кои ќе ги поврзат Скопје и Охрид со големите европски центри.

Според најавите, Охридскиот аеродром за првпат ќе добие линија до Виена преку „Austrian Airlines“, а се воведуваат и летови до полските градови Краков и Вроцлав преку „Wizz Air“, објави 4news.mk Скопскиот аеродром, пак, од јуни ќе биде поврзан со две медитерански дестинации – Палермо (Сицилија) и Алгеро (Сардинија).

„Овие пет линии отвораат одлични можности за туристички избор на граѓаните ова лето. Но, она што е уште позначајно е дека Скопје и Охрид ги позициониравме како стабилни точки на мапата на воздушниот сообраќај во време на глобална криза,“ изјави Николоски.

„Квадрат во Скопје наскоро ќе чини 5.000 евра! Кој го дозволува ова?“

Министерот откри дека, и покрај тензиите на Блискиот Исток, Македонија е целосно енергетски обезбедена со авионско гориво и во моментов служи како снабдувачки центар за целиот регион.

„Имаме резерви на керозин за 90 дена, што е далеку над законскиот минимум. Благодарение на паметното планирање, од нашите аеродроми целосно се снабдува аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Станавме центар за четири аеродроми. Гледаме како авиокомпаниите ги пуштаат авионите полупразни за да можат да слетаат кај нас, да наточат гориво и да продолжат понатаму,“ истакна вицепремиерот.

Николоски заклучи дека оваа стабилност е клучна за привлекување нови авиокомпании и гарантира дека воздушниот сообраќај во земјава ќе се одвива без никакви прекини и покрај регионалните предизвици.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2