Connect with us

Вести

Трајков: Дигиталните вештини и образованието се клучни за европската иднина на младите

Инвестицијата во дигитални компетенции и вештачка интелигенција е суштинска за создавање подготвени генерации кои ќе можат да одговорат на современите предизвици. Дигиталните вештини и образованието се клучни за европската иднина на младите, истакна заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, во денешното обраќање на завршниот настан од проектот „Код за иднината- Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини“, кој се одржа во Европската куќа Крива Паланка.

Трајков нагласи дека проектот претставува успешен пример за практична примена на европските политики во областа на дигиталната трансформација и образованието.

-Ние како Влада сме цврсто посветени кон дигиталната трансформација, а ваквите проекти се уште еден голем импут дека и општество кај нас почнува да се буди и да се насочува кон онаа дигитална транзиција којашто е повеќе од потребна бидејќи светот се движи во таа насока. Овој проект покажува дека европската агенда не е само стратегија, туку реална можност за развој на вештини, знаење и конкурентност кај младите. Денешниот проект е вистински пример како правилно можат да се искористат европските пари, т.е. сите оние фондови коишто ги нуди Европската Унија во поглед на разните младински образовни програми. Токму затоа многу е важно да напоменам дека во делот од реформската агенда дигиталната трансформација е еден од петте приоритети и мислам дека тоа е и еден од најуспешните сегменти во агендата, така што мислам и дека ќе бидеме најуспешни во регионотво рпетстојнито период, рече Трајков.

Таа посочи дека инвестицијата во дигитални компетенции и вештачка интелигенција е суштинска за создавање подготвени генерации кои ќе можат да одговорат на современите предизвици.

-Образованието има централна улога во процесот на европска интеграција. Нашата цел е да изградиме систем кој ќе создава критички мислечки, иновативни и дигитално писмени млади луѓе. Токму затоа се радувам и што во мал град како Крива Паланка има вакви успешни приказни кои служат како пример за сите оние градови и сите организации кои сакаат да ги искористат европските фондови, додаде Трајков, со акцент на фактот дека овој проект од Македонија е засега на второ место во Европа.

Проектот „Код за иднината“ опфати 10 училишта од различни региони, над 120 наставници и околу 3000 ученици, преку практичниактивности насочени кон кодирање, дигиталнивештини и вештачка интелигенција.

-Чест и привилегија да биде домаќин на еден значаен настан посветен на образованието, дигиталната писменост, кодирањето, вештачката интелигенција и иднината на нашите ученици. Овој настан не е само завршница на еден проект, тој е потврда дека и од една локална заедница може да започне силна образовна приказна, која се поврзува со европските вредности, со современите вештини и со визијата за училиште подготвено за иднината. Денес го заокружуваме проектот „Код за иднината – Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини“, кој го реализира Здружението за едукација „Еду Скилс“ – Крива Паланка, во рамки на EU Code Week, соподдршка од JA Europe и Европската комисија. Основната цел на проектот беше да ги поддржи наставниците, учениците и училиштата во развојот на дигитални компетенции, кодирање, компјутерско размислување и писменост за вештачка интелигенција, преку практичен, инклузивен и применлив пристап. Во изминатиот период, оваа идеја не остана само на хартија. Таа влезе во училниците, во наставничките тимови, во активностите на учениците и во секојдневната практика на училиштата, рече Добри Јовевски, ЕУ Code week амбасадор на Македонија во ЕУ.

На настанот беа доделени признанија за наставници и училишта кои дадоа значаен придонес во промоцијата на кодирањето и дигиталната писменост. Со вакви иницијативи, Македонија чекори кон посилна дигитална подготвеност и поблиску до европските образовни стандарди. Водечко училиште во Code Week е ООУ „Браќа Миладиновци, Куманово со одделенски анставник Маја Поп Арсова.

-Важноста на овој проект е подеднаква и на анционално ниво, но и како претставник во европски рамки, бидејќи со овие активности ние како држава сме на второто место во Европа според платформата за кодирање, а пред нас е само Малта, што навистина дава голема важност на државата. Ваквите проекти со европски предзнак навистина одат по вистинскиот пат што го бара новото време, дигитализацијата и вештачката интелигенција, но со акцент на етичко костистење на нивните придобивки со мотивирачки креативна алатка што придонесува за квалитет во воспитно-образовнито процес, изјави Александар Станкоски, претседател на Совет за образование на возрасни при Владата на Република Макеоднија и наставник во ОУ „СВ.Климент Охридски“ во Македонски Брод.

Амбасадорот за ЕУ Code week, Јовевски, нагалси дека овој проект испрати јасна порака дека иднината не се чека, таа се создава. А во образованието, таа иднина се создава преку наставници кои се подготвени да бидат истражувачи, ментори, иноватори и лидери во своите училишта.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4