Connect with us

Вести

Гаши: Демографскиот предизвик не е поврзан само со бројките, туку и со квалитетот на животот, што бара интегриран одговор и пристап

Во Националната развојна стратегија 2024–2044, усвоена од Собранието, демографијата е поставена во центарот на креирањето политики, како една од шесте клучни стратешки области. Ова не е случајно, туку претставува одговор на реалностите што ги споделуваме со мнозинството земји од регионот и Европа, истакна во своето обраќање претседателот на Собранието Африм Гаши на почетокот на вториот ден од Регионалната министерска конференција „Предводење на промените:„Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНФПА.

Гаши рече дека и нашата држава се соочува со јасни и предизвикувачки трендови: стареење на населението, намалување на наталитетот, намалување на работната сила, миграција на младите и концентрација на населението во урбаните средини.

– Овие структурни трансформации имаат директни импликации врз пазарот на труд, пензискиот систем, здравството и самата одржливост на економскиот развој. Во овој контекст, улогата на Собранието е клучна и незаменлива, и како законодавна институција која ја изготвува рамката за долгорочни политики, и како механизам за надзор кој гарантира нивно ефикасно спроведување. Исто така, неговата улога како демократски форум е да изгради одржлив политички и социјален консензус за стратешките интереси како што е демографијата, кои мора да ги надминат изборните интереси – рече Гаши.

Демографскиот предизвик во нашата земја, посочи тој, не е поврзан само со бројките, туку и со квалитетот на животот, што бара интегриран одговор и пристап.

– Нашиот пристап треба да биде насочен кон целосно искористување на потенцијалот на населението, преку инвестирање во човечкиот капитал, создавање реални можности за младите, зајакнување на улогата на жените и гарантирање достоинствени услови за сите категории на општеството – истакна Гаши.

Демографијата во суштина претставува прашање на доверба во иднината. – Цицерон рекол: „Секој што фаворизира еден дел од граѓаните, а занемарува друг, му нанесува најголемо зло на заедницата.“ Затоа, наша одговорност е преку рационални политики и функционални институции да создадеме услови во кои сите граѓани, без исклучок, ќе изберат да живеат, да работат и да ги градат своите семејства во нашата земја – рече гаши потврдувајќи ја неговата лична посветеност и таа на Собранието дека демографската димензија ќе остане во центарот на развојната агенда и дека политиките ќе бидат инклузивни и одржливи.

Заменик-извршниот директор на Фондот за население на Обединетите нации Пио Смит рече дека денеска, на вториот ден од конференцијата очекува одговор како да се справиме со предизвиците што ги носи демографијата.

Тоа, рече тој, бара лидерство и храброст, проактивност и придвижување од фундаменталниот негативен став кон позитивен одговор и мерките да се претворат во шанси. Укажа на сличностите во земјите од регионот, но исто така ја потенцира потребата за поврзување, пред се, со младите. Младите, рече Смит, треба да се сослушаат бидејќи тие го имаат клучот на многу наши политики. Според него, од големо значење е и вклучување на граѓанското општество во целиот овој процес.

– Со добро скроени, благовремени мерки, демографските промени нема да се толку заканувачки и може да се справиме со последиците, истакна Смит од УНФПА предупредувајќи дека за демографските трендови коишто се случуваат потребни е адаптиран одговор, а доколку го нема може да бидат предизвикани поголеми ризици.

Првата панел дискусија е посветена на Реформите на политиките и системите за адресирање на демографските промени: примери од светот на која меѓу говорниците беше и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Тој посочи на мерките што ги презема Министерството и нашата Влада со дигитализацијата осоено за младите за полесно да најдат работа, но и за подобрување на одредени услуги за граѓаните како електронското вадење документи и тие да не одат од еден до друг шалтер. Андоновски посочи на мерката со која се обезбеди ИКТ опрема за децата и студентите минатата година.

– И тоа не беше затоа пто сакавме со ваучерите да ги задржиме децата дома туку да покажеме дека се грижиме за образованието и дека сакаме да ги задржиме во државата, рече Андовска.

Исто така тој кажа дека ќе бидат дигитализирани регистрите за издавање на докумените кои се однесуваат на раѓање и брак, да не мора да се прави со чекање и да може да се направи од дома. Она на што сум е особено горд и ќе биде презентирано следниот месец, посочи министерот Андоновска е можноста извод на родени за бебињата да може да се издаваат уште во првите 24 часа по нивното раѓање. Како што објасни тој, досега за да се направи тоа родителите, најчесто таткото мораше да оди да го пријави новороденчето и да извади извод во четири институции и се чека 20 до 30 дена.

– Она што сметавме дека е добро ние да го издадеме првиот уверение за раѓање уште во болницата, тоа ќе биде добро и за Фондот за здравствено осигурување но и за локалните самоуправи кои понатаму издаваат субвенции за новороденчиња и тој пакет да се добие во првите 24 часа, рече Андоновски.

За мерките што се преземаат и состојбата со демографијата во своите земји на овој панел зборуваа и заменик-министерот за здравство и социјална заштита на населението на Таџикистан Зулфиа Абдусамацода, државниот секретар во Министерството за семејна благосостојба и демографија на Србија Лазар Петровиќ, регионалниот постојан претставник на ММФ – Регионална канцеларија за Западен Балкан Себастиан Соса, програмскиот менаџер од HelpAge International, Виетнам Виет Нга Чу, и регионалниот советник за демографска отпорност и политики од Регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Фабио Лоса.

Втората панел дискусија е посветена на Политики за зајакнување на луѓето а говорници се државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска, секретарот во Министерството за социјална благосостојба, семејна грижа и демографија на Црна Гора Едмир Калач, вонредниот професор, директорка на лабораторијата за семејства и генерации, Универзитет Кардинал Стефан Вишински и Економско училиште во Варшава, Полска Моника Минарска, Јосипа Матошевиќ од IMACO Systemtechnik, Оддел за човечки ресурси, Босна и Херцеговина, шефот на Одделот за население, УНЕЦЕ Лиса Варт.

Третиот панел е посветен на Политики за поддршка на луѓето во транзиција, а на оваа тема ќе зборуваат амбасадорот и претседател на Советот на ЦОР на БиХ Милош Прица, раководителот на сектор од Министерство за економија и финансии, Узбекистан Шохјахон Јусупов, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов, директорот на Унијата на работодавачи на Република Српска Саша Ачич, координаторот за население и развој, УНФПА Турција Ајсел Јиксел.

Завршни зборови на конференцијата ќе имаат регионалната директорка на УНФПА, Фонд за население на Обединетите нации за Источна Европа и Централна Азија Флоренс Бауер и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2