Фудбал
Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе се борат за пехарот во Конференциската лига
Екипите на Кристал Палас од Англија и на Рајо Ваљекано од Шпанија ќе играат во финалето на Конференциската лига што ќе се игра на 27. мај во Лајпциг.
Премиерлигашот Кристал Палас и во реваншот постигна победа против украински Шахтјор со 2:1 и со вкупни 5:2 го елиминира ривалот. Кристал Палас поведе со автоголот на Педро Хенрик во 25. минута, а изедначи Егиналдо во 34. минута. Конечните 2:1 ги постави Исмаила Сар во 52. минута.
Рајо Ваљекано и во реваншот како гостин постигна победа од 1:0 против француски Стразбур. Стрелец на единствениот гол беше Алемао во 42. минута.
мај 8, 2026

