Connect with us

Фудбал

Хаос во Реал Мадрид пред дуелот со Барселона

Нови непријатни вести стигнуваат од таборот на Реал Мадрид пред дербито во недела со Барселона. За време на тренингот во средата по еден груб старт дошло до тепачка меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени. Соиграчите успеале да ги раздвојат.

Но, имало и „второ полувреме“ според „Марка“ Валверде одбил во соблекувалната да се поздрави со Чуамени, а се продолжило со непријателски разговор и тепачка. Капитенот Валверде морал во болница со сериозна расекотина и отпуштен е на домашно лекување. 

Раководството на клубот набрзо организирале состанок и против двајцата актери се поднесени дисциплински прекршоци.  

Дербито Барселона – Реал Мадрид се игра во недела на 10.мај со почеток во 21 часот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1