Connect with us

Вести

Минчев: Европската перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја

Напредокот во клучните области на реформата на јавнта администрација: стратешка рамка на реформата на јавната администрација, патоказот за РЈА, вклучувајќи ја и програмата за реформи во управување со јавни финансии, управувањето со човечки ресурси, развој на политики и координација, испораката на услуги, како и отчетноста и транспарентноста на јавните институции, беше тема на 14. состанок на специјалната група за реформа на јавната администрација помеѓу Европската комисија и Република Македонија, кој прв пат се одржува во Брисел.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев во своето воведно обраќање истакна дека реформата на јавната администрација претставува еден од клучните столбови на европската интеграција, но и на институционалното зајакнување на државата.

– Реформата на јавната администрација останува клучен приоритет на Македонија како во процесот на европската интеграција така и во унапредувањето на функционирањето на институциите на национално ниво. Нашата определба е јасна: професионална администрација, ефикасни институции и услуги ориентирани кон граѓаните и бизнисите – нагласи Минчев.

Тој се осврна и на последните наоди од извештаите на Европска комисија и оценките на SIGMA нагласувајќи дека тие претставуваат важен инструмент за насочување на реформските активности.

– Македонија се движи напред. Последниот извештај на Европската комисија за 2025 година ги потврдува нашата посветеност и видливиот напредок во реформата на јавната администрација. Во споредба со претходните извештаи, јасно е дека напредокот е конкретен и мерлив – потенцира министерот.

Истовремено, истакна и дека европската перспектива на државата се гради врз основа на демократските вредности, но и со јасна почит кон националниот идентитет, јазикот, култура и историскиот континуитет на македонската држава.

– Нашата европска перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на националниот идентитет, македонскиот јазик и културниот и историскиот континуитет на Македонија. Станува збор за вредности што се длабоко втемелени во нашето демократско уредување и кои се дел од процесот на институционално јакнење и развој – заклучи министерот нагласувајќи дека токму преку силни, професионални и отчетни институции се зајакнува и демократската основа на државата.

Министерството за јавна администрација останува цврсто посветено на доследна имплементација на почнатите реформи и на испорачивање конкретни резултати во интерес на граѓаните и бизнис-заедницата.

Состанокот на специјалната група за реформа на јавната администрација претставува важен механизам за следење на напредокот на Македонија во оваа област и за координација на реформските активности со институциите на Европската Унија. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3